Политика на приватност

Atlas.veobit.mk е во сопственост на Веобит – софтверска консултантска компанија која произведува Cloud базирани продукти и решнија наменети за микро, мали и средни претпријатија.

Кога ги побаруваме Вашите информации?

Во секое време можете да го посетите нашиот сајт анонимно, без да оставите било какви информации за Вас. Ние ги прибираме Вашите информации исклучиво само кога Вие ќе се регистрирате на нашиот сајт, ќе ја пополните контакт формата наведена на сајтот, ќе се претплатите за да добивате промотивна е-пошта или пак ќе пополните одредена анкета која се наоѓа на нашиот сајт.

Веобит посветува посебно внимание на заштита на Вашите лични податоци во сите свои деловни процеси, почитувајќи ги стандардите воспоставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Македонија.

Оваа политика на приватност се однесува на начинот на кој Веобит врши обработка на Вашите лични податоци и се однесува само на веб сајтот на Веобит и на сите поддомени. Доколку преку веб сајтот на Веобит е обезбеден линк до други веб страни Ве информираме дека не превземаме одговорност во однос на заштитата на личните податоци кои ја обезбедуваат тие веб-сајтови.

Веобит преку сајтот www.atlas.veobit.com.mk може да понуди и веб страни како што се форуми и блогови каде што јавно можете да објавите информаци за Вас и да дискутирате со други корисници на сајтот. Вака објавените информации можат да бидат достапни за друг корисници и компании како и да се појавуваат на други интернет страници или веб-пребарувања.

Веобит нема контрола над тоа кој го чита Вашето мислење или коментар или како другите корисници можат да ги искористат информациите што Ви се доброволно изложени, па затоа Ве предупредуваме да бидете внимателни при објавувањето на било какви лични податоци. Со прифаќање на оваа политика на приватност, Вие ја давате Вашата согласност при учество во дискусии креирани од страна на Веобит да го објавиме Вашето име заедно со Вашите коментари или поврзани информации.

Корисниците на www.atlas.veobit.com.mk се должни одговорно да ги чуваат нивните кориснички имиња и лозинки. Веобит не може да се смета за одговорен за неовластено користење на корисничките пристапи од страна на трети лица, ниту за евентуална штета на корисникот настаната на тој начин.

За какви цели ќе ги користиме Вашите информации?

Сите информации кои ќе ги побараме од Вас ќе бидат искористени за некои од следниве цели:

  • За персонализација – Вашите информации ни помагаат подобро да одговориме на Вашите индивидуални потреби
  • За да го подобриме Вашето искуство на нашиот сајт – ние постојано се стремиме да го подобриме нашиот сајт од секој аспект базирано на информациите и повратниот одговор што ќе го добиеме од Вас.
  • За да ја подобриме нашата услуга – Вашите информации ни помагаат поефективно да одговориме на сите Ваши барања

Вашите информации без разлика дали се приватни или јавни нема да бидат дадени, продадени, или разменети на трето деловно или приватно лице без Ваше знаење и дозвола.

Пораки доставени преку е-пошта и коментари

Кога го посетувате нашиот веб-сајт и барате понуди за производи или услугиили пак учествувате во нашиот блог, може да побараме да го оставите вашето име, презиме, компанија ие-пошта. Побараните информации ги користиме за да одговориме соодветно на Вашите индивидуални потреби и да ви обезбедиме ефективна услуга и поддршка.

На сите Ваши пораки или прашања,кои ќе ги добиеме по е-пошта ќе Ви одговориме на истата електронска адреса. Електронската адреса нема да ја користиме за ниту една друга цел и нема да ја споделимеме со ниту една трета страна за цели надвор од примарната – одговор на Вашето барање.

Новости по е-пошта

Доколку сакате да добивате информации, промоции и новости, Вашата електронска адреса ќе се користи исклучиво за да се испратат истите до Вас лично. Можноста за добивање новости е со двојна „опт-ин“ (Opt-in) опција. Вие можете во секое време да се „отпишете“ (Opt-out), при што Вашата електронска адреса ќе биде трајно отстранета од нашата база на податоци. Доколку не сакате да добивате ваков вид на информации во иднина, вклучуваме детали на крајот од секој одговор испратен по е-пошта за начинот на кој можете да се одјавите.

COOKIES

Веб-сајтот на Атлас може да употребува cookies. Cookies се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на Вашиот компјутер при Вашата следна посета на нашиот веб сајт со што се овозможува побрз пристап. Преку Cookies не се прибираат лични податоци. Cookies не може да се користат за работење со програми или пак да пренесат вируси на Вашиот компјутер. Веобит ги задржува дадотеките со извештај од сите пристапувања на неговиот сајт и го следи сообраќајот во мрежата заради управување со сајтот.

Екстерни бројачи на посети

Резултатите од бројачот Гугл аналитикс (http://www.google.com/analytics/) не се јавно достапни и се користат само за статистички анализи. Политиката за приватност на Гугл е достапна на веб-адресата www.google.com/privacy.html.

Како се заштитени Вашите податоци?

Веобит ги превзема сите потребни технички и организациски мерки за обезбедување на максимална сигурност и безбедност на Вашите лични податоци, кои се во согласност со постојните законски прописи од оваа област, со цел да ги заштитиме истите од неовластен пристап, неовластено откривање, неовластена обработка или злоупотреба.

Сите податоци што ќе ги оставите на нашата страна се пренесени преку SSL технологија и потоа енкрипирани во наша база на податоци до која може да се пристапи само со посебни привелигирани пермиси.

Информациите кои ги прибираме и анализираме се внимателно зачувани и не ги даваме на трети лица или компании. Ова ги исклучува нашите партнери кои ни помагаат во водењето на сајтот и нашиот бизнис.

По барање на државни органи и во согласност со закон, можеме да предадеме дел или сите собрани информации.

Применетата политика за приватност објавена на оваа веб страница се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.07/05, 103/08 и 124/10). Во електронска форма, пречистениот текст на Законот може да се симне од веб-сајтот на Дирекцијата за заштита на лични податоци на Република Македонија (www.dzlp.mk).

Откривање на податоците

Веобит го задржува правото на откривање на Вашите лични податоци во случаи кога тоа се бара по закон или е потребно во водењето на некоја судска постапка, со цел заштита на нашите бизнис интереси и интересите на нашите корисници.

Пристапот до Вашите лични податоци е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат вистинска потреба од тие податоци со цел да Ви овозможат да ја добиете соодветната услуга или производ.

Вашите личните податоци ќе бидат чувани не подолго од времето што е потребно за да се исполнат целите поради кои податоците сесобрани податоците, по што истите ќе бидат избришани од нашиот систем.

Веобит не сносува одговорност за содржините кои ги објавуваат корисниците. За сите содржини под поединечно корисничко име одговорен е исклучиво корисникот кој го користи. Сите мислења и информации објавени од корисниците на веб сајтот односно корисниците на блогот претставуваат лични ставови кои корисниците ги објавуваат на сопствена одговорност. Веобитне може да се смета за одговорен за содржината на пораките кои се објавени при учество во дискусија или блог.

Ве предупредуваме да имате во предвид дека во случај на откривање на Вашите лични податоци преку други онлајн форуми, истите може да ги користат други субјекти и затоа Ве советуваме да не ги откривате своите лични податоци онлајн на непознати веб сајтови и веб сајтови кои не обезбедуваат заштита на личните податоци, со цел да се спречи неовластено користење или злоупотреба.

Ослободување од одговорност

Оваа политика за приватност се однесува само на информациите кои се објавени на нашиот веб-сајт. Ние не сме одговорни за содржините на страните до кои има врски, ниту пак за врските на страните до кои има линкови. Ние не сме одговорни за било каков пренос на податоци кој настанал со страницата до која има врска.

Ваша согласност

Доколку на било кој начин ги доставите Вашите информации ( на нашата веб страна , по телефон или Е-маил) Вие се согласувате да ги зачуваме и користиме истите во согласност со нашата политика за приватност.

Промени во политиката за приватност

Веобит го задржува правото за измени во политиката за приватност без известување на корисниците на сајтотwww.veobit.atlas.mk. Доколку извршиме одредени промени на Политика за заштита на приватноста,  истите ќе ги објавиме на овој веб-сајт.

Контакт

Доколку имате одредени прашања во однос на Политика на приватноста и собраните и обработените лични податоци од наша страна, може да ги доставите на следните контакт информации:

Адреса: Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 36А, 1000 Скопје, Р.Македонија

Е-маил: info@veobit.com или sales@veobit.com

Мобилен: +389 71 764 500