Адвокатско друштво “Богданов и Богданов”

Адвокатското друштво “Богданов и Богданов” е основано уште во 2004 год. од кога разви искуство и практика во нудење на кваитетни правни услуги и правен консалтинг со традиција долга повеќе од 10 години. Како резултат на посветеноста и квалитетот во работата и задоволувањето на потребите на неговите клиенти, друштвото успеа да изгради силна репутација во правно застапување на сите странки пред сите судски и управни инстанци во државата.
Друштото е составено од тим на млади и амбициозни адвокати и правници кои обезбедуваат навремени, добро обмислени и стручни правни совети кои ќе Ви овозможат да донесете правилни одлуки и да превземете соодветни активности во насока на остварување на Вашите права и интереси согласно позитивните законски прописи во Република Македонија.
Основните карактеристики и начела врз кои се потпира друштвото и неговиот тим правни експерти се: знаењето, колективниот дух, довербата и достапноста во секое време.
Одличниот тим, квалитетната и професионална услуга, како и насоченоста кон успех на неговите клиенти придонесоа кон тоа адвокатското друштво “Богданов и Богданов” да прерасне во едно од водечките адвокатски друштва во Република Македонија во повеќе области на правната практика.

Адвокатското друштво “Богданов и Богданов” е прво друштво во Република Македонија кое како резултат на својата целосна транспарентност во работењето кон своите клиенти имплементираше софтверско решение кое им овозможува на нашите клиенти брз, едноставен и бесплатен пристап до статусот на нивниот предмет секогаш, од било каде, во реално време. Апликацијата обезбедува целосно бесплатен и неограничен 24-часовен пристап до сите документи и списи кои се однесуваат на предметот кој тие го водат пред домашните судови или органи со посредство на нашето друштво.
Освен на Адвокатската Комора на Република Македонија ( од денот на основањето во 2004 година ), Адвокатското друштво “Богданов и Богданов” е во фаза на здобивање со членство и во реномираната Меѓународна Адвокатска Асоцијација ( International Bar Association ), што претставува дополнителна меѓународна потврда на неговиот кредибилитет и високиот степен на професионализам и експериза во пружањето на правни услуги.
Нашето адвокатско друштво развива интензивна и успешна соработка и мрежа на консултанти од широк спектар на консултанти од широк спектар на професии, вклучувајќи медицински експерти, криминолози, финансиски експерти и вештаци, како и лица со исклучително стручни познавања во областа на индустриската и интеектуалната сопственост.
Истовремено, нашето адвокатско друштво соработува и со врвни адвокатски друштва од регионот, што овозможува на нашите клиенти правно застапување и надвор на границите на државата.

Од неодамна друштвото е лоцирано во модерни, одлично опремени деловни простории на атрактивна локација во центарот на главниот град, што ќе придонесе кон уште поголема достапност на нашите услуги до сите физички и правни лица во државата и пошироко.