Брз, едноставен и бесплатен пристап до статусот на Вашиот предмет

Секогаш следејќи ги најновите трендови во адвокатската пракса, нашето друштво имплементира ново софтверско решение кое ќе им овозможи на нашите клиенти брз, едноставен и бесплатен пристап до статусот на нивниот предмет секогаш, од било каде, во реално време.
Станува збор за апликација со која на сите наши клиенти им се обезбедува целосно бесплатен и неограничен 24-часовен пристап до сите документи и списи кои се однесуваат на предметот кој тие го водат пред домашните судови со посредство на нашето друштво.
Имено, преку лозинка за секој од клиентите му се овозможува доверлив пристап до бараните документи и поднесоци кои се релевантни за водењето на предметната постапка.
Дополнително, самиот софтвер нуди можност за навремено и прецизно информирање за текот на самата постапка преку генерирање и нотификација до клиентите на соодветни податоци за закажаните судски рочишта и рокови за преземање на определни дејствија во постапката. Со тоа целосно се излегува во пресрет на потребите и барањата на странките да бидат информира и за секој значаен аспект на постапката.
Сево ова придонесува за поголема транспарентност во работењето на друштвото и отвореност кон неговите странки со што се манифестира лојалноста во функционирањето на Адвокатското друштво “Богданов и Богданов” кон клиентите.