М-р Симона Лескароска

По завршување на студиите на Правниот факултет “Јустинијан Први” во
Скопје во 2008 година својата професионална кариера ја започнува во
Министерството за финансии во Секторот за второстена управна
постапка, управни и судски спорови каде покрај главните активности и
задачи од областа на даноците и царините и застапување на
Министерството пред судовите на Република Македонија од страна на
Министерот за финансии е именувана и за член на повеке комисии за
денационализација и комисии за јавни набавки, а од страна на Владата на
Република Македонија е именувана и за член на Комитетот за брза
експанзија и развој и Комитетот за градежна експанзија.
Магистрира на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје на тема
Правни аспекти на фискалната децентрализација и финансирање на
единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје како посебна
единица на локалната самоуправа”.
Професионална кариера во 2014 година ја продолжува во државната
видеолотарија на Македонија каде е задолжена за спроведување на
јавните набавки.
Во 2015 година од страна на Собранието на Република Македонија е
именувана за Заменик Претседател на државната комисија за одлучување
во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка која функција ја извршува до 2018 година.
Во 2019 година станува дел од Адвокатската канцеларија “Богданов и
Богданов”
Автор е на повеќе трудови од областа на финансовото право.
Од страна на Министерството за правда и Министерството за
информатичко општество и администрација на Република Македонија е
назначена за член на повеке работни групи за измени и дополнувања на
законски прописи мeѓу кои работната група за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоците.
Обучувач е на повеќе советувања организирани од државни институции и
други здруженија од областа на даноците, царините, инспекциите и
прекршоците.

Говори англиски јазик.