Општествено Одговорно Адвокатско Друштво

Адвокатското друштво “Богданов и Богданов“ уште од основањето негува долгогодишна традиција на општествено-одговорно работење и придонес кон развојот на заедницата.
На почетокот беа предвидени помали донации, за да со текот на времето се развие и започне да се имплементира Програма за поддршка и стипендирање на млади правници, чија цел е преку доделување определени финансиски средства на апсолвентите на правните факултети во државата кои ќе покажат извонреден просечен успех од над 9,00 во текот на нивните студии, како и подготвеност и амбиција да се занимаваат со адвокатска дејност во иднина, истите да се поттикнат преку посветена работа да ги постигнат целите во нивната натамошна кариера.
Освен тоа, адвокатското друштво континуирано работи на издвојување средства преку кои ќе се овозможи подобрување на квалитетот на живот и постигнување на други општествено корисни цели од што бенефит ќе има целата заедница. Со тоа друштвото целосно ја остварува својата мисија на општествено одговорна фирма.