М-р Ана Бибановска

Ана Бибановска Мандичевски своето професионално искуство го започнува во областа на
нотаријатот. По завршувањето на мастер студиите се фокусира на деловното право работејќи со
домашни и странски физички и правни лица во едно од четирите водечки светски консултантски
друштва (The Big Four).
По положувањето на правосудниот испит, станува член на Адвокатската комора и се фокусира на
адвокатурата.

Дополнително, положува и испит за застапник од областа на индустриската сопственост.
Во работењето главно е ориентирана кон корпоративното право и граѓанските области на правото,
застапувајќи домашни и странски правни и физички лица пред сите судски, управни и
административни органи и институции, постапки по штети и осигурување, давање правна помош за
основање, статусни и други промени на трговски друштва, заштита на лични податоци, правна
помош од областа на работните односи, оставински постапки, изготвување и склучување на
договори, водење постапки пред нотар и извршител.

Говори англиски јазик.