Д-р Костадин Богданов

По завршување на постдипломските студии во Мастрихт, Холандија, својата професионална кариера ја започнува во Кабинетот на Претседателот на РМ, Борис Трајковски, како помлад соработник за европски прашања и евроинтеграција.
Во јуни 2004 година станува член на адвокатската комора на РМ, кога ја основа адвокатската канцеларија “Богданов и Богданов”.
Работи на области од граѓанско-правната област со особен фокус на заштита на правата на стопанските субјекти пред судските и управните органи.
Во 2011 година, од страна на Владата на Република Македонија е именуван за Владин агент (застапник) пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција, која функција сеуште ја обавува.
Автор е на повеќе трудови од областа на заштитата на човековите права во домашниот правен систем и пред Европскиот суд за човекови права.
Костадин Богданов е редовен предавач на Академијата за судии и обвинители на Република Македонија од областите на меѓународно право и системите за заштита на основните човекови права и слободи наменети за судиите и обвинителите од почетна и континуирана обука.
Од страна на Министерството за правда на Република Македонија е назначен за член на повеќе работни групи за измени и дополнувања на актуелните законски прописи меѓу кои работната група за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка и работната група за кодификација на граѓанското право.

Говори англиски и италијански јазик.