Адвокат Дејан Богданов
Во досегашното работење се стекна со знаење и искуство од областа на судските кривични постапки. Негова специјалност е застапувањето во кривична постапка на лицата кои биле жртва односно оштетени со сторувањето на определени кривични дела, како и подготовка на издржана и ефективна одбрана на обвинети лица во сите стадиуми на кривична постапка, вклучително и истражната постапка.
Како адвокат застапувал бројни домашни и странски правни и физички лица во постапки пред обвинителите и судовите во Република Македонија, како и постапки за надомест на штета од сите видови на осигурување.
Адвокат Дејан Богданов е моментно правен застапник на Националното Биро за осигурување на Република Македонија.
Говори англиски јазик.