М-р Ѓурѓица Илиева
Е дел од адвокатското друштво Богданов и Богданов од 2017 година.
Во досегашното работење се стекна со искуство и знаења во судските постапки ( граѓански и кривични), управни и дисциплински постапки, како и зема активно учество во тимот кој што работи на давање правни совети за постапки пред Судот за човекови права во Стразбур.
Како магистер по казнено право, посебно се посветува на нејзината специјалност а тоа е кривично-правната материја, давање на правна заштита на жртвите на кривични дела, учествува во подготовка на ефективна одбрана во сите стадиуми на кривичната постапка.
Член е на здружението на Млади Кривичари во Р.Македонија, автор е на неколку дела од областа на кривичната материја, со посебен осврт на децата како жртви на кривични дела низ призмата на правниот систем и позитивно-правните норми.
Говори англиски јазик.