Отворена процедура за склучување договори за јавни набавки
Јавните набавки (ЈН) во земјите со развиена пазарна економија игра голема улога во економскиот систем. Со ЈН, земјата е директно инволвирана во создавањето и подобрувањето на пазарната економија и финансиските односи, на тој начин ЈН се клучен инструмент со помош на кој политичките и економските цели се постигнати. Јавните набавки, без оглед на нивната вредност, се од огромна важност за овие земји посебно кога економијата навлегува во рецесија и поради тоа овие земји мора да користат јавни фондови за да инвестираат во инфраструктура или да спроведуваат други профитабилни инвестиции со цел да се зајакне економијата и да им помогнат на компаниите да ја преживеат суровата средина создадена од кризата избегнувајќи ги големите отпуштања на работници.