Адвокат Анета Илиевска
Во нејзиното досегашно работење се стекна со знаења и искуство во областа на судските постапки ( граѓански и кривични ), управни постапки и спорови од меѓународно приватно право. Нејзина специјалност се повеќе граѓански области меѓу кои: трговско право и корпоративно работење на домашни и странски правни лица, работни спорови, семејно и наследно право, сите видови осигурувања, спорови поврзани со недвижности, надомест на штети и управни постапки пред државните органи.
Како адвокат застапувала бројни домашни и странски правни и физички лица во постапки за регистрација и основање на друштва, медијација, статусни промени, стечаи и ликвидации, постапки пред други државни институции ( Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, Фонд за здраствено осигурување), како и правни и физички лица во постапки пред нотари и извршители.
Говори англиски јазик.